НАСА ГО ПРИЗЕМЈИ НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈСТАРИОТ ПРИМЕРОК ОД АСТЕРОИД Ова ќе ни помогне да дознаеме како воопшто се создале Земјата и Сончевиот систем

Како што велат првите членови на тимот, сликата наликувала на научно-фантастичен филм, а експертите облечени во заштитна опрема претпазливо се приближувале додека светот гледал од далеку.

870

Како и од кои елементи се создале планетата Земја и други рани тела во Сончевиот Систем, дали тогаш постоела вода или таа се создала подоцна…Тоа се само некои од прашањата на кои одговор би можел да ни даде најголемиот примерок од астероид кој НАСА го спушти на Земјата по седумгодишно патување во вселената.

Примерокот од астероидот Бену е стар 4,6 милијарди години, речиси исто како и нашата планета. Капсулата од леталото по име Озирис-Рекс слета во пустината Јута во САД. Светот го гледаше преносот на НАСА во живо. Но, не за долго четири тимови научници со хеликоптери и цел инженерски и воен персонал зад нив тргнаа по примерокот. Тие брзаа за примерокот случајно да не биде контаминиран од самите елементи кои ги имаме кај нас, на Земјата.






Како што велат првите членови на тимот, сликата наликувала на научно-фантастичен филм, а експертите облечени во заштитна опрема претпазливо се приближувале додека светот гледал од далеку, пренесува ИФЛ Наука.

 

Следеше уште поголема радост: откако беше потврдено дека нема неексплодирани средства или испуштен гас од капсулата, таа беше означена како целосно чиста. Сара Расел, професорка на Природонаучниот музеј во Лондон, која е заменик-водач за минералогија и петрологија во мисијата, ги гледаше настаните како се одвиваат на екран во Велика Британија.

– Во моментов се чувствувам доста емотивно и плачливо поради сето тоа. Толку сум импресионирана од тимот кој успешно ја врати оваа карпа од вселената и навистина возбудена и привилегирана што сум дел од тимот што ќе може да го анализира. Целата мисија функционираше како на сон! – објаснува таа.

 

Професорот Нил Боулс од Универзитетот во Оксфорд, кој е меѓу научниците кои ќе ги проучуваат вселенските карпи, рече дека му олеснало кога ја видел капсулата од примерокот на земја.

– Навистина сум возбуден за следните чекори, добивање на примерок од капсулата во чистата соба во вселенскиот центар Џонсон и потоа да видам што има внатре. Толку многу нова наука доаѓа! – изјавил тој.

Капсулата од вселенското летало Озирис-Рекс паднало на земјата откако претходно итало со брзина од 44.500 километри на час. Но, само 20 минути подоцна леталото тргна на нова мисија: да истражи друг астероид, Апофис.

Поврзани содржини