НАДЗОРНАТА РАСПРАВА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ТРЕБА ДА НЀ ПРИДВИЖИ НАПРЕД Како пратеници да помогнеме да се надминат некои работи

Верувам дека тоа ќе биде уште еден стимул плус или уште еден охрабрувачки чекор и за носителите на институциите, па и за нас самите како пратеници, да видиме како можеме да помогнеме некои работи да се надминат, рече пратеникот Тони Јаревски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ во врска со претстојната надзорна расправа за квалитетот на воздухот.

138

Надзорната расправа во суштина произлегува од надзорната улога што ја има Собранието и е една алатка којашто ВМРО-ДПМНЕ генерално ја има почитувано многу повеќе отколку нашите политички опоненти. Сега имаме друг пристап, имаме други општествени чинители, имаме друга влада, имаме институции предводени од луѓе кои навистина сакаат да направат промени и очекувам и од оваа надзорна расправа и од сите други останати што ќе ги направиме, придвижување еден чекор напред, рече пратеникот Тони Јаревски во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ во врска со претстојната надзорна расправа за квалитетот на воздухот.

Тој дискутираше за надзорната улога на Собранието, односно, за политичката контрола и надзорот над Владата и над другите носители на јавни функции, и за поважните механизми за тоа, како што се пратеничките прашања, интерпелацијата, анкетните комисии и надзорните расправи.






– Верувам дека тоа ќе биде уште еден стимул плус или уште еден охрабрувачки чекор и за носителите на институциите, па и за нас самите како пратеници, да видиме како можеме да помогнеме некои работи да се надминат – рече Јаревски.

Тој стави фокус и на вчерашната собраниска седница на пратенички прашања, каде што зборуваше за скандалот на Онкологија и потенцираше дека веќе е разоткриен криминалот што го правела опозицијата на чело со лидерот Венко Филипче. Рече дека јавноста е сведок за сите неправилности што се направени во врска со местењето на тендерите и со кршењето на законите.

– Станува збор за милиони и милиони евра проневерени во процесот. Исто така, стануваше збор за процес каде што стотици животи беа загрозени и за монструозни чинови. И сега некој така да настапи, дека тоа било само таков обид, е малку несериозно и неодговорно. Како второ тврдење, пазете кажува, тогаш имаше лекови, а скандалот им изби поради тоа што наместо лекови некој им давал физиолошки раствор, крајно неодговорно. Затоа ми беше иницијативата да поставам, бидејќи ги утврдивме и хоророт и хаосот и башибозукот што се случувал таму – рече Јаревски.

Пратеникот ги наведе сите позитивни промени кои се направени во Клиниката за онкологија, како што се добивањето на лековите, зголемувањето на кадарот, ангажираноста на вработените и зголемениот буџет, коишто ќе придонесат да има подобри услови за лекување на пациентите.

– Владата, веќе сте сведоци, направи серија на чекори – стигнаа веќе лековите, немаме недостаток, нема реверси, нема веќе такво кршење на законот каде во четири очи се договараат без постапка, вработени се голем број на нови доктори, 40 милиони е зголемен основниот буџет на Клиниката за онкологија. Динамиката, интензитетот, посветеноста на вработените е исто така зголемена на наше задоволство, од она што го добиваме како фидбек од пациентите – истакна Јаревски.

Поврзани содржини