НАД 500 ЛУЃЕ ОД БУГАРИЈА ДАРУВАА КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Ред се чека пред болницата „Пирогов“
Денеска крв дарувале 381 лице, а вчера за три часа – над 120 лица.
Над 500 луѓе дарувале крв за настраданите во трагичниот инцидент во дискотеката во Кочани, извести за БТА бугарскиот Црвен крст.
Крв се дарува во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина УМБАЛСП „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија.
Денеска крв дарувале 381 лице, а вчера за три часа – над 120 лица.
Прес-службата на Црвениот крст на Бугарија вчера информираше дека заедно со Националната болница „Н.И.Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија организираат крводарителска акција за потребите на младите повредени во инцидентот во Кочани. Оние кои сакаат да даруваат крв може да го сторат тоа до крајот на оваа недела.
Министрите за здравство и за надворешни работи на Бугарија и на Република Северна Македонија денеска ја посетија Универзитетската болница и медицинскиот центар „Н.И.Пирогов“, наведува БТА.