ПОЧНУВА СИЛНИОТ ЕЛ НИЊО Годинава ќе имаме екстремно топло лето со повремени суперќелијски бури

101

Најновите ажурирања на прогностичките материјали од овој месец укажуваат дека ни започнува силен Ел Нињо, климатолошки феномен кој носи многу топли лета во Европа и на Балканот  со екстремно високи температури, суши и силни временски непогоди кои голема е веројатноста да прераснат во суперќелијски бури.

Во текот на летните месеци силно ќе бидеме под влијание на Ел Нињо кој во Македонија ќе ни донесе екстремно топло лето со температури повисоки за 1 до 2 степени од повеќе годишниот просек. Исто така ова лето не чекаат чести и екстремни топлотни бранови кога температури насекаде ќе надминуваат 30/35 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе надминуваат 40 степени.






Повеќе за тоа што не чека ова лето од метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК

Поврзани содржини