📽️ НАЈВИСОКИОТ МОСТ НА СВЕТОТ ПУШТА ВОДОПАД ОД НЕБОТО Во Кина се појавуваат виножита над бездна

Мостот Кањон Хуачиан во кинеската провинција Гуиџоу стана светска атракција откако инженерите природен извор го претвориле во спектакуларен водопад што паѓа директно од конструкцијата. Огромната водна завеса создава магла и виножита над длабоката клисура.

0

Надреална сцена секојдневно се создава на мостот Кањон Хуачиан во Кина, каде водопад паѓа директно од конструкцијата на највисокиот висечки мост на светот.

Водата се спушта стотици метри кон длабоката клисура под мостот, а сонцето создава огромни виножита низ маглата.






Низ планината, на 625 метри над реката

Мостот се наоѓа во кинеската провинција Гуиџоу и е висок 625 метри над реката Бејпан. Долг е повеќе од два километри и официјално беше отворен во септември 2025 година.

Со неговото пуштање во употреба, патувањето низ планинскиот регион се скратило од неколку часа на само неколку минути.

 

Водопадот не е случајност

Спектакуларниот водопад не е природна случајност. За време на изградбата, инженерите откриле карстен извор и решиле водата да ја пренасочат низ конструкцијата на мостот.

Така настанала огромната водна завеса што денес е главна туристичка атракција.

Магла, виножита и банџи скокови

Кањон Хуачиан брзо стана хит на социјалните мрежи и една од најпосетуваните туристички дестинации во регионот.

Посетителите можат да користат стаклени лифтови, панорамски платформи и бунџи скокови над клисурата.

Но, најголемото внимание го привлекува моментот кога сонцето ќе ја осветли водната магла и над мостот ќе се појават огромни виножита.

Поврзани содржини