🎥 ШТО ОТКРИВА ГОВОРОТ НА ТЕЛАТА НА САМИТОТ СИ-ТРАМП Експерт ги декодира телесните движења
Атмосферата на средбта била поформална и помалку разиграна отколку за време на претходните средби на кинескиот лидер со други државници.
Претседателот на САД Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг демонстрираа „сложена динамика на моќ“ за време на нивниот состанок во Пекинг, вклучувајќи долго и силно ракување, кое, според експертите за говор на телото, имаше симболична дипломатска тежина.
Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, процени дека ракувањето меѓу двајцата лидери траело околу десет секунди и вклучувало неколку последователни тапкања, што било протолкувано како обид за зајакнување на односот и контрола на моментот, објави „Дејли Меил“.
Според нејзината анализа, Трамп бил првиот што го иницирал ракувањето, протегајќи ја раката со мало вртење на дланката нагоре, што во невербалната комуникација често се толкува како сигнал за преземање иницијатива.
Џејмс изјави дека за време на состанокот биле разменети интензивни погледи, со отсуство на вообичаената опуштена атмосфера што се гледа на претходните дипломатски состаноци.
– Трамп користеше силен контакт со очите и повеќекратни тапкања по раката на Шји, што укажува на обид за зацврстување на односот и испраќање порака за блискост – вели Џејмс.
Таа ја спореди средбата на Трамп и Си со претходните дипломатски посети, оценувајќи дека атмосферата била поформална и помалку разиграна отколку за време на претходните средби на кинескиот лидер со други државници.
Средбата меѓу двајцата лидери се одржа во Големата народна сала во Пекинг, каде што разговорите траеја околу два часа и 15 минути.

Во своето воведно обраќање, кинескиот претседател се осврна и на концептот на „Тукидидовата стапица“, предупредувајќи на историските ризици од конфликт меѓу растечка сила и постоечка глобална сила.
За време на средбата, според извештаите, Трамп го пофали приемот во Пекинг, велејќи дека тоа е „чест каква што малкумина ја имале“, додека атмосферата во салата беше опишана како формална и стратешки контролирана.