НА ПОПОВА ШАПКА СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ОД 6 САНТИМЕТРИ Утрово во Дојран се измерени 5 степени

Според УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар - 6 литри на квадратен метар, 3 во Охрид и Претор, 2 во Крушево и 1 литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови.

155

Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус 4 степени, а најтопло е во Дојран, 5 степени.

Како што соопшти УХМР, до 7.30 часот минус 3 степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус 1 во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, 1 во Дебар и 2 степенa во Гевгелија.






Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Попова Шапка, 6 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.

Според УХМР, најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар – 6 литри на квадратен метар, 3 во Охрид и Претор, 2 во Крушево и 1 литар на квадратен метар во Битола и во Маврови Анови.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

 

Поврзани содржини