📷 НА 99 ГОДИНИ СЕ КАЧИЛА НА КРИЛО ОД АВИОН Сега 97-годишната ривалка ѝ се заканува

Хелга Дафи не дозволила годините да ѝ застанат на патот до една необична авантура. Инспирирана од жена помлада од неа само две години, решила да постави светски рекорд и да собере пари за хуманитарна цел.

40

На 99 години, кога повеќето луѓе избегнуваат дури и поголеми физички напори, Хелга Дафи решила да се качи на крилото на авион. И тоа не додека авионот стои на земја, туку додека лета! Со овој несекојдневен подвиг таа стана највозрасната жена во светот што извела ваква воздушна акробација.

Необичниот рекорд бил поставен на аеродромот Рендкомб, во близина на англискиот град Сајренсестер, во Глостершир.






Дафи била прицврстена на горниот дел од мал авион, кој потоа полетал со неа. Оваа акробација е позната како „wing walking“, а подразбира стоење на специјална платформа над крилјата на летало за време на лет.

Иако подвигот изгледа застрашувачки, 99-годишната жена тврди дека воопшто не се исплашила.

– Не се плашев бидејќи бев премногу возбудена – изјавила Дафи, опишувајќи го своето необично искуство.

Идејата ја добила откако на телевизија ја видела Бети Бромиџ, која на 97 години го поставила претходниот рекорд.

Наместо само да ѝ се восхитува, Хелга решила да ја надмине.

 

Првично планирала да го изведе подвигот на својот 99. роденден, на 23 септември, но летот бил одложен. Рекордот потоа бил потврден во присуство на претставник на Гинисовата книга на рекорди.

Дафи, која живее во дом за стари лица во англискиот град Девизес, со авантурата собрала и повеќе од 1.300 фунти за службата за воздушна итна медицинска помош во Вилтшир и Бат.

Но, приказната добила уште еден пресврт.

Претходната рекордерка Бети Бромиџ ѝ честитала на Дафи, но веднаш најавила дека не се откажува од титулата.

– Едвај чекам да наполнам 100 години и повторно да го направам тоа. Пак ќе те победам – изјавила Бромиџ за Би-Би-Си.

Според официјалната евиденција на Гинис, Хелга Дафи го поставила рекордот на возраст од 99 години и 21 ден. Родена е на 23 септември 1927 година во Германија.

Поврзани содржини