МОМЕНТАЛНО ПОТВРДЕНИ 10 ЖРТВИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО Филипче вели бројката може да порасне

Лекарите се борат за животите на повредените.

927

Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша на твитер министерот Венко Филипче, кој веќе е во Тетово и во секој момент се очекува да соопшти детали за пожарот.

„Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“ напиша Филипче на твитер.






Според него, лекарите се борат за животите на повредените.

„Да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“, напиша Филипче.

Поврзани содржини