Момче од Авганистан кое почина во Македонија беше погребано по 208 дена

Телото на младиот Кајум било ставено во законски лавиринт и во ладилник дури 208 дена, сè додека не дошол член на семејството да го идентификува. Екипата на Легис ја заврши правна постапка и вчера (8 октомври) момчето конечно беше погребано во Македонија.

1,464

Шеснаесетгодишното момче од Авганистан Кајум Насири почина во Македонија на 17 март годинава откако настрада од струен удар на 14 март, при обид да се качи на товарен воз.

Неговата единствена желба и право беше хуман третман и слобода на движење. Но, од 2016 година и затворањето на Балканскиот пат, на бегалците и мигрантите им е забрането тоа право во Македонија, објави Легис.






Телото на младиот Кајум било ставено во законски лавиринт и во ладилник дури 208 дена, сè додека не дошол член на семејството да го идентификува. Екипата на Легис ја заврши правна постапка и вчера (8 октомври) момчето конечно беше погребано во Македонија.

Компанијата за погреб ги намалила трошоците на 650 евра, кои по апелот за донација од Легис, биле собрани за само еден час.

„Апелираме до државните институции да не дозволуваат ваква состојба во иднина. Кајум Насири беше момче кое имаше сон за подобра иднина, но, ако не можеме да му помогнеме да го оствари својот сон, мора да покажеме сочувство и човечки пристап кон овие луѓе кои имаат потреба во последните моменти во нашата земја. Тие не се само документи, тие се човечки суштества со достоинство и права“, апелираат од Легис.

Поврзани содржини