МНР формира координативно тело за помош на нашинци кои заглавиле на аеродроми и гранични премини
МНР апелира сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.
МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)
Од Министерството апелираат сите македонски граѓани кои се во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:
+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389 75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта: [email protected]
МНР апелира сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.