МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ РЕАЛИЗИРА 75% ОД ПАРИТЕ ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ Николоски вели тоа е резултат на доброто планирање

Министерот за транспорт и врски, вели дека ако има простор за поголем буџет би се реализирал и тој.

0

Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75% од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен резултат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителни средства ако буџетот тоа го дозволува, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

– Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75% реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна година и за следната година очекувам иста да е состојбатa во првите месеци. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да консумираме поголем буџет – рече Николоски.

Поврзани содржини