КОИ СЕ ЕВРОВИЗИСКИТЕ ФАВОРИТИ ОД ФИНСКА Зад моќниот настап се кријат приказни кои не се лесни
Необичното финско дуо кое го сочинуваат познатата виолинистка Линда Лампениус, чиј живот е одбележан со меѓународна класична кариера и големи скандали и финскиот поп-рок пејач Пит Паркконен, кој се стекнал со слава на талент шоуто „Финскиот идол“, се едни од фаворитите на евровизискиот натпревар во Виена.
Иако беше позната по своите музички успеси, Лампениус се најде во центарот на еден од најголемите скандали во нејзината кариера кон крајот на 1990-тите.
Таа јавно предупреди за однесувањето на финско-канадскиот моден милионер Питер Нигард, тврдејќи дека за време на престојот во неговата вила ѝ покажувал фотографии од голи жени и организирал контроверзни забави.