Мицкоски: Кога секој ден умираат луѓе непријатно е да се зборува за избори
Тој смета дека има несериозни луѓе во Владата за, како што рече, да се справат со сето ова што не зафати изминатите месеци.
Кога се уште броиме новозаразени и мртви од ковид-19, се чувствувам непријатно да зборувам за датум за избори, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
Тој смета дека има несериозни луѓе во Владата за, како што рече, да се справат со сето ова што не зафати изминатите месеци.
– ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат тие. Математиките, диктатот и исполнувањето на желбите на Зоран Заев преку Оливер Спасовски се надвор од фокусот на вниманието на ВМРО-ДПМНЕ и во овој момент се чувствувам непријатно за да зборувам за било каков датум за одржување избори кога се уште броиме мртви и новоинфицирани на дневна основа – рече Мицкоски.
Тој ја повика власта престане да лицитира со датуми за избори затоа што приоритет број еден е здравјето на граѓание и заштитата на стандардот и ништо друго.
– Мора да се носат одлуки, кои нема да бидат под имресија на тесногради интереси, туку како последица на разум и мудрост – рече Мицкоски.