МЕСЕЧЕН И ГОДИШЕН РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Еве колкави се зголемувањата на цените по гранки

Цените на компаниите за прехранбените производи вкупно (на домашен и на странски пазар), пак, бележат раст од 0,2% на месечно ниво и раст од 8,1% за една година. Цените на компаниите за пијалаците за еден месец пораснале за 1,2%, а во однос на март 2024 година тие се зголемиле за 4,9%.

43

Продажните цени на индустрискиte производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0,4%, а во однос на март минатата година за 7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на индустриските производи се зголемени за 0,5% во однос на претходниот месец, а за 7,3% во однос на истиот месец од претходната година.






Во март во однос на февруари ДЗС регистрира намалување на продажните цени на индустриските производи, вкупно, се намалени за 0,1% во секторот „рударство и вадење на камен“ и за 0,2% во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.

Повисоки цени имаат производите во секторот  „преработувачка индустрија“ и тоа за 0,4%.

Кај цените во секторот „снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината“, нема промени.

На годишно ниво, пак, во март година во однос на март лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени за 19,1% во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, за 12,8% во „рударство и вадење на камен“, за 6,2%, во „преработувачка индустрија“ и за 4,8% во секторот „снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината“.

Цените на компаниите за производство на производите за широка потрошувачка вкупно, за еден месец се зголемиле за 0,3% додека на годишно ниво нивниот раст е од  4,2%.

Цените на компаниите за прехранбените производи вкупно (на домашен и на странски пазар), пак, бележат раст од 0,2% на месечно ниво и раст од 8,1% за една година. Цените на компаниите за пијалаците за еден месец пораснале за 1,2%, а во однос на март 2024 година тие се зголемиле за 4,9%.

 Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупномарт 2025 година, (2021 = 100)

III 2025
II 2025
III 2025
XII 2024
III 2025
III 2024
I – III 2025
I – III 2024
III 2025 
Ø2021
Вкупно 100.4 102.3 107.0 107.0 122.2
По главни индустриски групи
  Енергија 99.8 106.7 117.5 118.9 146.8
  Интермедијарни производи, освен енергија 99.7 101.3 102.1 101.9 112.0
  Капитални производи 101.7 106.6 117.3 116.4 117.4
  Производи за широка потрошувачка 100.3 99.8 104.2 104.8 135.1
    Трајни производи 100.0 90.7 97.9 98.9 109.7
    Нетрајни производи 100.3 100.5 104.6 105.3 137.3
По сектори и оддели
  Б Рударство и вадење на камен 99.9 98.3 112.8 113.5 112.6
    05 Вадење на јаглен и лигнит 100.0 100.0 100.0 100.0 103.0
    07 Вадење на руди на метал 99.6 96.9 117.5 118.1 112.7
    08 Вадење на други руди и камен 100.8 102.4 101.8 102.6 112.2
  В Преработувачка индустрија 100.4 102.2 106.2 106.1 121.2
    10 Производство на прехранбени производи 100.2 102.7 108.1 107.7 133.4
    11 Производство на пијалаци 101.2 100.0 104.9 105.6 145.1
    12 Производство на тутунски производи 100.1 98.6 104.9 104.7 144.4
    13 Производство на текстил 99.9 98.3 98.4 100.8 109.2
    14 Производство на облека 101.3 100.4 102.3 101.9 153.9
    15 Производство на кожа и слични производи од кожа 100.0 102.1 107.3 108.0 139.4
    16 Преработка на дрво и производи од дрво и плута,
освен мебел, производство на предмети
од слама и плетарски материјал
101.3 102.7 103.9 102.6 141.2
    17 Производство на хартија и производи од хартија 101.4 101.0 101.3 100.3 133.9
    18 Печатење и репродукција на снимени медиуми (записи) 100.0 100.9 102.2 103.6 129.3
    20 Производство на хемикалии и хемиски производи 101.1 104.4 106.3 104.6 120.1
    21 Производство на основни фармацевтски производи и
фармацевтски препарати
97.2 102.4 102.1 103.5 127.2
    22 Производство на производи од пластични маси 100.1 102.9 103.4 101.8 106.0
    23 Производство на други неметални минерални производи 101.6 101.3 98.6 97.7 134.9
    24 Производство на метали 99.7 100.1 95.6 95.8 97.5
    25 Производство на фабрикувани метални производи, освен
машини и опрема
99.3 99.6 100.6 98.8 124.3
    26 Производство на компјутерски, електронски и оптички производи 101.7 101.6 102.7 102.8 129.2
    27 Производство на електрична опрема 98.3 97.9 102.9 104.6 119.7
    28 Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место 102.3 108.0 125.7 123.5 101.3
    29 Производство на моторни возила, приколки и полуприколки 101.1 105.8 113.3 113.3 132.9
    30 Производство на останата опрема за транспорт 106.2 115.8 115.8 109.9 122.2
    31 Производство на мебел 99.6 97.8 99.0 100.1 121.9
    32 Останата производствена индустрија 100.0 100.1 101.2 102.0 112.7
    33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 100.0 100.0 100.0 100.0 100.0
  Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
99.8 107.2 119.1 120.7 152.4
    35 Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 99.8 107.2 119.1 120.7 152.4
  Д Снабдување со вода; отстранување на вода,
управување со отпад и дејности за санација
на околината
100.0 101.9 104.8 104.8 110.4

 

 

 

Поврзани содржини