МЕПСО НА СДСМ И НА ДУИ ОТПИШАЛО ДОЛГ НА ФИРМА НА СИНОТ НА МУСА ЏАФЕРИ И тој и Дрин, Бесијан, Зоки, Вице, Венко, Таче – нема кој не се офајдил од енергетскиот бизнис
„14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор. СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење милионски бизниси“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
МЕПСО со СДСM и ДУИ отпишале 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирал неправилности во работата на МЕПСО. Во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДСМ и ДУИ. Една од нив е „У Павер“, во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот.
„14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор. СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.
Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024.
И во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност. Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.