📽️ МАРОКАНСКОТО СЛАВЈЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ХАОС Солзавец, водени топови и масовни нереди во Хаг

Прославата по пласманот на Мароко на СП 2026 во Холандија прерасна во насилни нереди во неколку градови, со интервенција на полицијата и масовни судири.

0

Историскиот пласман на Мароко во осминафиналето на Светското првенство 2026 и елиминацијата на Холандија предизвикаа масовно славје меѓу мароканската заедница во Холандија, но прославата во неколку градови брзо прерасна во насилство, вандализам и судири со полицијата.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, илјадници навивачи излегоа на улиците на Амстердам, Ротердам, Хаг и Утрехт. Централните градски подрачја беа преплавени со луѓе, автомобили со марокански знамиња, сирени и пиротехнички средства, што доведе до целосен сообраќаен хаос.






Најсериозна беше ситуацијата во Хаг, каде што прославата ескалираше во насилни инциденти. Според локалните медиуми, групи маскирани лица фрлале петарди и друга пиротехника, по што полицијата интервенирала со солзавец, водени топови и службени кучиња за да ја растера агресивната толпа.

 

За време на интервенцијата, дел од демонстрантите ги нападнале полицајците со камења, стаклени шишиња и други тврди предмети, поради што биле ангажирани дополнителни полициски сили и оклопни возила.

 

Нереди биле регистрирани и во Утрехт, каде поединци со автомобили украсени со марокански знамиња возеле по тротоари и пешачки патеки, загрозувајќи ги минувачите. Во исто време биле оштетени и повеќе јавни објекти и заштитни бариери.

 

Поврзани содржини