НИСКИОТ РЕЈТИНГ, ПРИЧИНА ЗОШТО СДСМ И ЛЕВИЦА „КОАЛИЦИСКИ“ ГО БЛОКИРААТ ЗАКОНИКОТ Го договараа со месеци, за сега да ја рушат Реформската агенда?
Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и Левица здружено го блокираат новиот Изборен законик кој со месеци го договарале поради ниските рејтинзи на двете партии. Манасиеви вели дека единствено барање на ВМРО-ДПМНЕ било дијаспората да може да гласа на следните претседателски избори.
СДСМ и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, а причина се ниските рејтинзи на двете партии, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на партиска прес-конференција.
Според Манасиевски СДСМ и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа.
„Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати сѐ што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспора да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат.
Јавноста мора да знае дека овој Закон е дел од Реформската агенда и тој се носи со сугестии и забелешки од страна на ОБСЕ и ОДИХР.
Упатуваме јасна порака до СДСМ и до Левица да предложат амандмани со кои бараат корекција на начинот на заокружување и на поднесување на приговори и да ги повлечат другите амандмани и заедно, консензуално да го донесеме овој Изборен законик.
Нашата дијаспора има право да учествува по електронски пат на следните претседателски избори, во време кога вештачката интелигенција има клучна улога.
Венко Филипче и Димитар Апасиев, со блокада на овој Закон, сакаат директно да ѝ нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст.
Почитувани граѓани,
На СДСМ и на Левица им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи чесно, одговорно и транспарентно. Им пречи што сме први во регионот во исполнување на реформи од Реформската агенда и во повлекување на финансиски средства од Планот за раст.
Ние ќе продолжиме по тој пат, бидејќи тој пат е вистинскиот за Македонија“, порача Манасиевски од партиската говорница.