ЛУКРОВСКИ НАЈАВИ СИСТЕМ ЗА БРЗА РЕАКЦИЈА ПРОТИВ ВАНДАЛИЗМОТ Време е за чист Карпош, порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

46

Хигиената во Карпош не е прашање на свест и култура, тука на одговорни општински служби што ја работата својата работа. Службите ќе мора редовно да ги чистат парковите, тротоарите и улиците, и да ги празнат кантите, затоа што тоа е нивната работа и за тоа земаат плата. Ќе воведам редовно собирање на кабастиот отпад, за да се спречи фрлањето на шут и отпад по улиците, изјави кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

– Во моментов, изгледаме запоставено, со многу смет наоколу. Јас нема да дозволам Карпош да остане Бела Африка. Ќе ја направам општината најчисто и најуредно место во Скопје. Ќе воведам ноќно миење на улиците кога градот спие. Специјализирани возила ќе ја мијат коловозната површина со притисок и дезинфекциски средства – рече Лукровски.






Тој најави дека ќе воспостави мобилни екипи кои во текот на денот ќе се движат низ населбите и ќе интервенират веднаш штом ќе видат истурен отпад или несоодветно оставени предмети.

– Нема да дозволам локации да стојат запуштени со денови. Секој агол ќе биде покриен. Ќе го зголемам бројот на корпи за отпад за 10 пати, затоа што не може да бараме ред од граѓаните ако не им дадеме услови да го одржуваат и ако не ги празниме кантите редовно – додаде тој.

Лукровски најави и систем за брза реакција против вандализмот.

– Ако некој скрши клупа, истури шут, екипите ќе бидат таму во рокот од само неколку часа. Не затоа што јас сакам да глумам херој, туку затоа што тоа е најдобриот начин да се спречи вандализмот. Да не му дадеме време да трае. Со апликацијата Мој Карпош, секој граѓанин ќе може да испрати фотографии, локација и ќе добие известување кога екипата ќе интервенира – рече тој.

 

Поврзани содржини