🎥 ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ЈАВНО КАЖА ДЕКА БУГАРИЈА ИМАЛА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ Ги нарече фалсификатори тие што сакаат да зборуваат за „авторитаризам“

Држејќи историска фотографија, Костадинов објасни дека слични фотографии биле масовно распространувани и поставувани на агитациски табли низ бугарските села и градови, со цел да се покаже „што ги чека непријателите на царска Бугарија“ и „непријателите на фашистичката власт“.

0

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ (Възраждане), Костадин Костадинов, во видеообраќање објавено на социјалните мрежи отворено изјави дека Бугарија во периодот на Втората светска војна имала фашистичка власт.

Држејќи историска фотографија, Костадинов објасни дека слични фотографии биле масовно распространувани и поставувани на агитациски табли низ бугарските села и градови, со цел да се покаже „што ги чека непријателите на царска Бугарија“ и „непријателите на фашистичката власт“.






– Затоа што да, Бугарија имаше фашистичка власт. Колку и денешните ревизионисти да се обидуваат да кажат дека тоа не бил класичен фашизам, туку авторитаризам и така натаму… Како сакате наречете го, драги ревизионисти и фалсификатори – ние Бугарите знаеме дека тоа е фашизам – рече Костадинов.

Со оваа изјава, Костадинов директно противречи на наративите кои често се промовираат од одредени бугарски политички и историски кругови, според кои режимот на цар Борис III и владата во тој период не биле фашистички.

Костадинов е познат по десничарски популизам, антиевропски ставови, проруски ориентации и антимиграциски речник. Често настапувал со контроверзни изјави поврзани со Македонија, вклучително и предлози за обединување или припојување на Македонија кон Бугарија.

 

Поврзани содржини