ЛИЈАМ ГАЛАХЕР СИ ИСПАЗАРИ КУЌА СО КЕШ Членот на култниот бенд Оазис за својот нов дом платил 4 милиони фунти во готово

Лијам Галагер со свршеницата купи луксузен дом во Котсволдс, а браќата истовремено поведоа правна постапка за да спречат продажба на стари, досега необјавени снимки од „Оазис“.

3

Пејачот Лијам Галагер, член на култната британска група „Оазис“, го искористи успехот на минатогодишната турнеја за да си обезбеди нов луксузен дом. Тој и неговата свршеница Деби Гвајтер избрале куќа во Котсволдс, област во Англија позната и по тоа што привлекува бројни славни личности. Според документацијата за купопродажбата, Галагер за недвижноста платил четири милиони фунти во готовина, односно околу 4,6 милиони евра.

Галагер и неговиот брат Ноел, наводно, заработиле околу 50 милиони фунти од турнејата „Live ’25“, што е приближно 57,5 милиони евра. Извор за британски „Сан“ изјавил дека браќата внимателно управуваат со своите приходи и дека заработката од првата турнеја е само почеток. Според истиот медиум, следната година ги очекува нова турнеја, за која веќе се распродадени сите 42 концерти.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Liam Gallagher (@liamgallagher)

Но, покрај инвестицијата во новиот дом, браќата Галагер се обидуваат да ја заштитат и музичката историја на „Оазис“. Тие поведоа правна постапка за да спречат аукција на голема колекција стари снимки од бендот, која содржи материјали од периодот на неговата најголема слава во деведесеттите години.

Колекцијата, позната како „The Desk Tapes“, ја составувал Хју Ричардс, тонски инженер кој соработувал со групата од 1994 до 2001 година. Меѓу материјалите има снимки од настапи, проби и проверки на звукот, како и разговори меѓу браќата Лијам и Ноел. Архивата требаше да биде понудена на аукција во британската аукциска куќа „Литлтон“, со проценета вредност од 1,2 до 1,6 милиони фунти, односно приближно 1,38 до 1,84 милиони евра.

Снимките ги понудил Овејн Ричардс, синот на поранешниот соработник на бендот. Тој потврдил дека „Оазис“ покренале тужба против него и неговиот татко со цел да ја спречат продажбата. Страните се согласиле аукцијата на архивата да биде одложена додека се решава правниот спор. Аукциската куќа соопштила дека снимките се повлечени од продажбата планирана за 3 октомври.

Иако колекцијата содржи значаен материјал од историјата на бендот, евентуалниот купувач не би можел слободно да ги објавува снимките или комерцијално да ги користи без согласност од „Оазис“, бидејќи групата ги задржува правата на интелектуална сопственост. Други музички предмети, меѓу кои оригинални списоци со песни, распореди за патувања од раните турнеи и парка од брендот „Кенгол“ поврзана со Лијам, сепак ќе бидат понудени на аукција.

Поврзани содржини