КРУЗ БЕКАМ ЈА ВРАТИ МАЈКА МУ ВО СТУДИО Пош снима песна со својот 21-годишен син
Поранешната „Пош Спajс“ повторно застана пред микрофон, овојпат благодарение на својот 21-годишен син Круз, кој објави фотографија од нив за време на снимањето и предизвика реакции кај обожавателите.
Викторија Бекам повторно застана пред микрофон, а зад нејзиното враќање во студиото стои нејзиниот син Круз. 21-годишниот музичар објави фотографија од мајка му за време на снимањето и откри дека заедно работат на нова песна.
На фотографијата Викторија стои пред микрофонот и гледа во телефонот, очигледно следејќи го текстот. Круз, со белите очила за сонце, се гледа во аголот на фотографијата.
– Да, ја вративме Пош во студио – напиша тој под фотографијата. Викторија на објавата реагира со емотикони што плачат од смеење, додека обожавателите веднаш почнаа да се прашуваат дали ова значи нејзино враќање кон музиката.
View this post on Instagram
Викторија стекна светска слава како Пош Спajс во „Спajс грлс“, но по музичката кариера ѝ се посвети на модата и изгради сопствен моден бренд. Нејзиниот последен соло албум беше објавен во 2001 година, а потоа се враќаше на сцената со „Спajс грлс“ – на турнејата во 2007-2008 година и на церемонијата на затворање на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Таа не учествуваше на турнејата на групата во 2019 година.
Круз во август го објави својот дебитантски ЕП „Wear & Tear“, а музиката ја гради со својот бенд „The Breakers“. ЕП-то содржи шест песни, меѓу кои и преработка на „Wannabe“ од „Спajс грлс“.
Така, мајката и синот сега се најдоа во иста музичка приказна. За Круз, кој последнава година сериозно ја гради својата кариера, ова е уште една интересна соработка, а за Викторија – неочекувано враќање пред микрофонот по повеќе од две децении од нејзината соло музичка кариера.
Круз во изминатиот период настапуваше на фестивали и самостојни концерти, а неговата група „The Breakers“ наскоро ќе тргне и на турнеја.
Интересно е што музиката ги поврзува и Круз со неговата девојка Џеки Апостел. Германско-бразилската кантавторка и продуцентка со него се запознала токму во студио, откако нивните менаџери ги споиле за да пишуваат песни заедно. Професионалната соработка прераснала во пријателство, а потоа и во љубовна врска, која започна во 2024 година.