КОНТРОВЕРЗНОТО МЕЧЕ РОБОТ СЕ ВРАЌА ВО ПРОДАЖБА Компанијата уверува дека овојпат АИ не дава опасни совети
Од компанијата ФолоТој засега не кажале кој модел на вештачка интелигенција го користи новото мечe, ниту дали повторно има пристап до системите на ОпенАИ. Според истражувачката Р.Ј. Крос, неделната пауза за ревизија е „премногу кратка за да се решат сериозните ризици“.
Компанијата ФолоТој повторно го пушти во продажба роботот мече Кумма, кој пред неколку недели шокирал родители со тоа што им зборувал на нивните деца за секс фетиши, палење шибици и други опасни содржини, јави Футуризам.
По една недела „темелна безбедносна ревизија“, компанијата објави дека го „засилила системот за контрола и модерирање“, и дека Кумма сега е „безбеден и воспитен“. Сепак, извештаите на организацијата PIRG откриле дека токму овој модел, користејќи AИ систем од Мистрал и потоа ГПТ-4о, давал вознемирувачки одговори – од инструкции за палење оган, до детални разговори за сексуални теми.