КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Присуствуваше и македонската делегација на чело со Мицкоски
Никој не смее да се сомнева во нашата решителност. Така беше пред 25 години, така е и сега - изјави Руте во обраќањето на меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки.
Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.
Oдбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.
– Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност. Така беше пред 25 години, така е и сега – изјави Руте во обраќањето на меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот Трговски Центар.