КЛИЧКО СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА КИЕВ Кој може, привремено да го напушти градот

Градоначалникот на Киев ги повика жителите кои имаат можност да престојуваат надвор од главниот град да размислат за привремено заминување. Во меѓувреме, градот се подготвува за зимата, а Кличко предупредува на можни проблеми со водоснабдувањето.

0

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги советуваше жителите на украинскиот главен град кои имаат можност да престојуваат кај пријатели или роднини надвор од градот да размислат за привремено заминување поради засилените руски напади. Тој нагласи дека не повикува на целосна евакуација на главниот град.

Кличко оцени дека ситуацијата станува прашање на преживување и им порача на жителите кои имаат каде да заминат привремено да ја разгледаат таа можност.






– Секој ден има нови извештаи за уништени згради, повредени или загинати луѓе, бидејќи гранатирањето врз нашиот град се интензивира. Денес станува збор за преживување – рече Кличко.

Тој нагласи дека нема да повика на целосна евакуација на Киев, бидејќи, според него, рускиот претседател Владимир Путин токму тоа го посакува – украинските градови да останат празни и да ѝ бидат предадени на Русија.

Кличко соопшти дека во Киев се подготвуваат резервни системи за греење и се складираат гориво, храна и вода за пиење за претстојната зима.

Тој предупреди дека нарушувањето на инфраструктурата за водоснабдување во Киев може да предизвика голема криза.

Поврзани содржини