КИНА ГО ЗАПРЕ УВОЗОТ НА АМЕРИКАНСКО МЕСО? Не ги обновува истечените лиценци на американските компании

Губењето на пристапот до Кина би било особено тежок удар за извозниците на производи како што се пилешки стапала и свински отпадоци, кои се помалку се трошат дома.

351

Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа вчера, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини.

Според соопштението истечени се две третини од лиценците на повеќе производители и преработувачи на свинско, говедско и живина од САД, вклучително на големите производители Tyson Foods, Smithfield Packaged Meats и Cargill Meat Solutions.






Оваа состојба може да го ограничи пристапот на САД до кинескиот пазар и да доведе до загуби од околу 5 милијарди американски долари. Пекинг воведе  и одмазднички тарифи за американски земјоделски производи во вредност од околу 21 милијарда долари овој месец.

Регистрациите за 84 американски фабрики истекоа во февруари, а додека пратките од тие фабрики уште се царинат, па е неизвесно е до кога Кина ќе дозволи увоз.

Пекинг бара од извозниците на храна да се регистрираат кај царината за да продаваат во Кина.

Американското Министерство за земјоделство соопшти дека Кина не одговорила на повторените барања за обновување на регистрацијата на земјоделски производи, што потенцијално го прекршува трговскиот договор од првата фаза.

Во 2024 година, САД беа третиот најголем снабдувач на месо во Кина по волумен, зад Бразил и Аргентина, со учество од 590.000 тони или 9% од вкупниот кинески увоз на месо.

Испораките на месо од САД во Кина минатата година достигнаа 2,5 милијарди долари, што ја става земјата на второто место по вредност.

Губењето на пристапот до Кина би било особено тежок удар за извозниците на производи како што се пилешки стапала и свински отпадоци, кои се помалку се трошат дома.

 

Поврзани содржини