КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ – ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ФК „КОЖУФ“ Клубот е расадник на таленти

234

Фудбалскиот клуб „Кожуф“ доби генерален спонзор. Компанијата Макотен ДООЕЛ Гевгелија, како носител на светски реномираниот австриски бренд „Новоматик“ во чија групација е и „Казино Фламинго“ во Македонија, одлучи да ги поддржи амбициите на менаџментот и спортскиот колектив на ФК „Кожуф“.

– Настрана од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игри на среќа за финансиските програми на Агенцијата за млади и спорт, Казино „Фламинго“ хотел – Гевгелија продолжува да го поддржува развојот на македонскиот спорт. Нема никаква дилема дека поддршката за професионалниот спорт значи и сериозен придонес во правилниот развој и воспитување на младите. Младите генерации гледаат свои идоли во професионалните спортисти и вообичаено се идентификуваат со индивидуалните и колективни спортски успеси – велат од компанијата.






ФК „Кожуф“ е вистинска гордост на македонскиот спорт и претставува синоним за фудбалската традиција во регионот. Основан е пред повеќе од 1 век во далечната 1922. Без разлика што во моментов се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, овој клуб отсекогаш бил расадник на млади таленти.

– Со оваа одлука за генерално спонзорство продолжува партнерството на Казино Фламинго Хотел – Гевгелија со локалната заедница. Оваа компанија веќе 17 години приредува игри на среќа во грандиозен хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 4 години во срцето на Скопје, на плоштадот Македонија во хотелот „Мериот“, каде е сопственик на истоименото „Казино Фламинго“. Дел е од исклучително успешната Групација „Новоматик Македонија“. Овој светски бренд во индустријата на игри на среќа, без разлика на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш на отстапи од корпоративното мото – секогаш општествено одговорна компанија – велат од компанијата.

„Казино Фламинго“ со години наназад е сигурен партнер на заедницата и во континуитет поддржува различни граѓански иницијативи, проекти и реализира бројни хуманитарни и донаторски активности. Како претставници на „Новоматик“, реномирана ЕУ компанија, „Казино Фламинго“ продолжува да манифестира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

Поврзани содржини