КАТАР ЌЕ ОСЛОБОДИ 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА ИРАН Има вкупно 12 милијарди замрзнати ирански пари
Техеран се закани дека целосно ќе ги прекине разговорите за завршување на војната ако Вашингтон продолжи со нападите.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Катар ќе ослободи шест милијарди долари замрзнати ирански средства.
Пезешкијан е највисокиот ирански функционер кој го спомена ослободувањето на средствата што ги држи Катар, клучен посредник во разговорите со Пакистан.
Американските претставници досега тврдеа дека замрзнатите ирански пари не се ослободени.
– Врз основа на направените планови, шест милијарди долари од вкупно 12 милијарди долари ирански ресурси во Катар ќе бидат ослободени и вратени во земјата, а потоа се спроведуваат потребните мерки – рече Пезешкијан, објави државната новинска агенција ИРНА.
Иран вчера ги нападна Бахреин и Кувајт со беспилотни летала , по новите воздушни напади на САД врз Исламската Република.
Техеран се закани дека целосно ќе ги прекине разговорите за завршување на војната ако Вашингтон продолжи со нападите.