НЕ СМЕ НАИВНИ, БАРАМЕ ГАРАНЦИИ НА ПАТОТ КОН ЕУ За Муцунски одговорот „стара нота“ за скандалот со Софија не е добрососедски

Шефот на македонската дипломатија порача дека Македонија не е наивна да очекува брз пресврт во односите со Софија. Според него, дијалогот треба да продолжи, но европскиот пат мора да се темели на мерит-критериуми, а не на билатерални прашања.

263

Европскиот пат мора да биде предвидлив и сигурен, да се темели на мерит систем, не на билатерални прашања, а Македонија не е наивна и ја бара оваа предвидловст на европскиот пат. Вака истакна шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со колегата од Литванија, Кестутис Будрис.

Муцунски посочи дека дијалогот со Бугарија треба да продолжи со поддршка од земјите‑членки и европските институции.






– Не сме лековерни. И не сме наивни да мислиме дека одеднаш ќе има од страна на Бугарија, за жал да го кажам, некаква голема промена на позиција која е прилично агресивна и радикална. Затоа треба да го искористиме следниот период да најдеме начин на дипломатско ниво да се намалат тензиите и да продолжиме да разговараме врз основа на вредности, врз основа на принципи, врз основа на потребата политиката на проширување да биде базирана на мерит, а не на субјективни билатерални прашања – рече Муцунски порача дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

За скандалот со доверливата нота која Бугарија ја објави со информации за патувањето на семејството на македониот премиер Христијан Мицкоски Муцунски вели дека Македонија уште очекува соодветен одговор.

Министерот истакнува дека изјавата од Софија  „се работи за стара информација не е во духот на добрососедството.

– Истрагата треба да се направи таму каде што најдобро знаат, нека се направи. И мислам дека тука, од официјална гледна точка, ние со Софија ја затворивме темата и очекуваме соодветен одговор од нивна страна. Според мене, не е во духот на добрососедството и пријателството да се каже дека се работи за стара информација. Тоа не е добар пристап кога ја оспоруваме дипломатската комуникација – рече минисерот кој денеска на посета го прими колегата од Литванија, Кестутис Будрис.

Во однос на реформската агенда и роковите, министерот изјави дека верува во умешноста и на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство.

– Очекуваме во овој извештаен период, кој што завршува заклучно со 30 јуни, да бидеме најдобри во регионот и да ја потврдиме нашата посветеност кон реформите и кон европските интеграции. Конкретно за изборниот закон, јас ќе кажам, жалам што опозицијата не учествува во активната реформа. Ќе повторам, и тоа ќе го кажам како и неколкупати наназад. Не може и опозицијата во државата да вели дека е за Европската Унија, ако се во прашање законите и реформите поврзани со Европската Унија да има застој во процесите. Ни треба национален консензус во општеството, и доколку навремено се обезбедеше тој национален консензус, за европските реформи, немаше да бидеме сега во ситуација во последен момент да треба политички да се менаџираат овие состојби, но јас верувам во умешноста и на претседателот на Собранието и на парламентарното мнозинство – рече тој, додавајќи дека очекува повторно да бидеме најдобри во регионот во другите извештаи.

Будрис истакна дека Македонија е на вистинскиот пат, дека ЕУ го препознава тоа и дека Литванија, која од 1 јануари ќе претседава со Унијата ќе ја подржи Македонија во интеграциите. Во својот говор Будрис трипати ја пофали земјата.

Во фокус на посетата на Будрис во Македонија, според информациите од македонското МНР биле продлабочувањето на политичките и економските односи, зајакнувањето на евро-атлантската соработка и силната поддршка за европската интеграција на Македонија.

Поврзани содржини