КАМИОНЏИИ, ВНИМАВАЈТЕ КОГА ВОЗИТЕ НИЗ СРБИЈА Казни од 85 до 17.000 евра, ако поминете патарина без таг уред

Казните се применуваат од денеска, а ги плаќаат фирмите, раководителите на фирмите и возачите на камиони од четврта категорија.

4

Компанијата „Путеви Србије“ од денеска почна да ги казнува сопственици/корисници на камиони  од четврта категорија кои не ја плаќаат патарината електронски – користејќи го TAG уредот.

За постапување спротивно на одредбите од Законот за надоместоци за користење на јавни добра кој стапи на сила на 1 јануари годинава, се пропишуваат казни од 500.000 до 2 милиони динари (4.260 – 17.000 евра) за правно лице, од 10.000 до 100.000 динари ( 85 – 852 евра) за одговорно лице во правно лице, од 10.000 до 500.000 динари (85 – 4.260 евра) за претприемач и од 5.000 до 50.000 динари ( 85 – 426 евра) за физичко лице.






Единствениот редовен начин за плаќање на патарина за возила од категорија IV, во системот за наплата на патарина без бариери (MLFF) што работи на делот од обиколницата на Белград, е преку регистрација на TAG уредот на веб-платформата Toll4All.

-На секој што не плаќа патарина на обиколницата на Белград со TAG уред регистриран на платформата Toll4All, но користи претплатен или постпејд TAG уред, ќе му биде издадена фактура за последователна наплата на патарина со вклучени дополнителни трошоци за вонредната постапка – велат од компанијата.

Камионите од четврта категорија се најголемите товарни возила со повеќе од 3 осовини (оски). Тие имаат високи трошоци за патарина поради нивната тежина и големина.

Поврзани содржини