ОСВЕЖУВАЊЕ И ЧЕКОР НАПРЕД КОН НОВИ УСПЕСИ Манасиевски за реконструкцијата на владата
Сметам дека изминатите две години ја стабилизиравме државата ги поставивме темелите, очекувам да продолжиме со тоа темпо и да работиме исклучиво во интерес на граѓаните - рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Владината реконструкција претставува освежување од кое најголеми добитници се граѓаните – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски во гостување на Радио Лидер.
Тој исто така посочи дека на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучила Турска демократска партија, покрај коалициските партнери Вреди и ЗНАМ.
– Секогаш има простор за нови луѓе јас секогаш го подржувам тоа, така да сметам дека губитник во оваа реконструкција нема, туку има само победници, а тоа се граѓаните, тоа е народот и тоа е оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со владините коалициони партнери Вреди и ЗНАМ – вели Манасиевски.
Портпаролот Манасиевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години, работела чесно, одговорно и транспарентно.
– Изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и како влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи со една влада односно чесно, одговорно и транспарентно, реализирајќи многу проекти и мерки за граѓаните кои што пред нашето доаѓање, 7 години немавме никаква реализација, од делот на транспорт од делот на образование, дигитализација, економија, плати, пензии и така натаму. Сметам дека изминатите две години ја стабилизиравме државата ги поставивме темелите, очекувам да продолжиме со тоа темпо и да работиме исклучиво во интерес на граѓаните – рече Манасиевски.
Манасиевски изрази уверување дека реконструкцијата ќе придонесе за уште поефикасна работа на Владата.
– Ова реконструкција ќе биде освежување и чекор повеќе кон тоа што наредните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи. Сметам дека одиме во правилна насока и дека ВМРО-ДПМНЕ и коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде апсолутен историски победник на следните парламентари избори – истакна Манасиевски.