„КАКО БОМБА ДА ПУКНА ИЛИ ГРОМ ДА УДРИ“ Силен земјотрес ја вознемири Хрватска

Поради овој потрес, дел од Сисак остана без струја. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Загреб.

904

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, го потресе градот Сисак, јужно од Загреб, објави ЕМСЦ.

Поради овој потрес, дел од Сисак остана без струја. Земјотресот бил почувствуван и во главниот град Загреб.






Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри.

– Како да пукна бомба – пишува жител на Сисак.

– Страшен удар, куќите се поместија, страшен звук на гром – сведочат граѓани на Сисак.

– Одамна не бilo толку силно и долго. Треперење во куќата. Силен удар и придружно тресење, многу непријатно – се вели во коментарите на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини