КАФЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВРЗАНО СО ПОМАЛА СМРТНОСТ ОД РАК НА ДОЈКА Eве што открило новото истражување кое следело 95 жени со дијагностициран канцер

Ново истражување открива дека поголемиот внес на полифеноли е поврзан со околу 80 отсто помала смртност од рак на дојка, а кафето било нивниот главен извор.

3

Добра вест за љубителите на кафето доаѓа од ново истражување објавено во списанието „British Journal of Nutrition“. Научниците откриле дека поголемиот внес на полифеноли, природни растителни соединенија кои ги има и во кафето, е поврзан со помал ризик од смрт и повторна појава на рак на дојка.

Истражувањето следело 95 жени со дијагностициран рак на дојка во период од околу 11 години. Кај жените кои внесувале најмногу полифеноли, смртноста поврзана со ракот на дојка била околу 80 отсто пониска, а кај нив бил забележан и помал ризик од повторна појава на болеста.






Кафето било најзначајниот извор на полифеноли во исхраната на учесничките. Покрај нив, кафето содржи повеќе од илјада биоактивни соединенија, меѓу кои кофеин, хлорогенски киселини, кафестол и кахвеол. Дел од овие соединенија имаат антиоксидативни и противвоспалителни својства.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини