🎥 КАЈЛИ ЏЕНЕР САКА УШТЕ ПОГОЛЕМИ ГРАДИ „Сакам да влезат во просторијата пред мене“

Ријалити-ѕвездата отворено зборува за своите импланти, а откри и што сака да направи пред да наполни 30 години.

0

Кајли Џенер повторно зборуваше отворено за естетските корекции и призна дека не е целосно задоволна од големината на своите гради. Во подкастот „Better Half With Stas and Vic“ 29-годишната ѕвезда кажа дека сака уште поголеми импланти.

– Сакам да бидат поголеми – вели Кајли, додавајќи дека тоа им го зборува на своите пријателки постојано.






– Им велам: треба да бидат поголеми и поизразени. Сакам да влезат во просторијата пред мене – се нашали таа.

Нејзините блиски пријателки Анастасија „Стаси“ Караниколау и Викторија Вилароел не биле изненадени од признанието. Тие откриле дека Кајли веќе околу една година зборува дека сака поголеми гради.

Сепак, изгледа дека новата операција нема да се случи толку брзо. Кога ја прашаа дали планира повторно да се оперира пред да наполни 30 години, Кајли одговори „веројатно не“.

Наместо нова операција, пред 30-тиот роденден таа размислува за нешто многу помалку инвазивно – пирсинг на папокот.

– Мислам дека сакам да ставам дијамантски пирсинг на папокот – откри таа, објаснувајќи дека едноставно сака да го доживее тоа.

Кајли претходно предизвика големо внимание кога сама ги открила деталите за имплантите што веќе ги има. Во 2025 година, одговарајќи на коментар на Тик-Ток, напиша дека има силиконски импланти од 445 cc, со умерен профил и поставени „половина под мускулот“, а како хирург го наведе д-р Гарт Фишер од Беверли Хилс. По нејзината објава, неговата ординација добила голем број нови повици.

Интересно е што ставот на Кајли кон операциите со текот на годините се менуваше. Во 2023 година таа призна дека жали што направила зголемување на градите на 19 години и изјави дека би им препорачала на младите жени да почекаат со таква одлука додека не добијат деца. Подоцна, сепак, стана многу поотворена за своите естетски интервенции и денес без проблем зборува за нив.

Поврзани содржини