ИЗРАЕЛСКИ ДОСЕЛЕНИЦИ УПАДНАА ВО ЏАМИЈАТА „АЛ АКСА“ Го истакнаа знамето на Израел и се молеа

Гувернерството на Ерусалим предупреди на сериозноста на ваквите постапки, оценувајќи ги како директен напад врз светоста на џамијата и обид за насилно наметнување јудаизам.

175

Група израелски доселеници денеска упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ под засилено обезбедување на израелските окупациски сили, пренесе либанската Национална новинска агенција (ННА), повикувајќи се на палестинската агенција ВАФА.

Локални извори соопштија дека десетици доселеници влегле во дворот на џамијата, каде што го истакнале израелското знаме и извршувале талмудски ритуали.

Според овие извори, групи поврзани со движењето „Верници на Храмовата Гора“ упатиле повици за масовна мобилизација на доселениците за нов упад следната среда кога Израел го одбележува Денот на независноста, со цел повторно да се истакне израелското знаме во комплексот.

Гувернерството на Ерусалим предупреди на сериозноста на ваквите постапки, оценувајќи ги како директен напад врз светоста на џамијата и обид за насилно наметнување јудаизам.

Поврзани содржини