ИЗЛЕТАЛ СО МОТОЦИКЛОТ КАЈ КАМЕНОЛОМ НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО 29-годишник од Албанија се здоби со тешки повреди

Мотоциклистот бил донесен со тешки повреди во Ургентниот центар во Гостивар. Полицијата утврдила дека паднал од „јамаха“ во близина на каменолом.

10

29-годишен мотоциклист од Албанија бил тешко повреден на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Тој изгубил контрола врз мотоциклот и паднал во близина на каменолом.

О.Ќ. имал привремен престој во Маврово. Управувал „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки.






Повредениот бил донесен во Ургентниот центар во Гостивар. Оттаму случајот бил пријавен во полицијата на 9 август во 8.10 часот.

Лекарите констатирале тешки телесни повреди. Полицијата презела мерки и утврдила дека мотоциклистот изгубил контрола на магистралниот пат, по што паднал.

Екипа од ОВР Гостивар извршила увид на местото.

Поврзани содржини