СТОИЛКОВИЌ СО МАЈТАП Ѝ ВОЗВРАТИ НА „БИХАЌКА“ ЗА ЦРНО-БЕЛАТА ФОТКА Очајни сте, и на умреница сум поубав!

Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на умреница сум поубав од Вас и не заборавајте, на крајот убавината секогаш го победува злото”, пишува министерот Иван Стоилковиќ споделувајќи ја самиот морбидната објава на Бихаќка за министерот кој е прикажан како во умреница.

11

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ кој од страна на СДСМ беше прикажан на црно бела слика како на умреница игра мајтап со Бихаќка.

Стоиљковиќ вели дека и на умреница е поубав од луѓето во СДСМ.






,,Порака со умреница, баш очајно! И во живо и на умреница сум поубав од Вас и не заборавајте, на крајот убавината секогаш го победува злото”, пишува министерот Иван Стоилковиќ споделувајќи ја самиот морбидната објава на Бихаќка за министерот кој е прикажан како во умреница.

Стоилковиќ, актуелен министер за локална самоуправа, претходно беше вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, а пред влегувањето во Владата беше долгогодишен пратеник на Демократската партија на Србите во Македонија.

СДСМ во соопштение претходно го обвини дека застапува српски и руски интереси и објави негова црно-бела фотографија.

„Вучиќ си има свои ‘батинаши’, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи“, се вели во дел од соопштението на опозициската СДСМ во врска со инцидентот во Ново Село од 5 август.

СДСМ тврдеше дека нивни млади активисти биле физички нападнати во Ново Село додека држеле транспарент за загадената вода во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ пак возврати дека опозицијата манипулира и дека меѓу присутните имало лица, „деца“ блиски до СДСМ со претходни пресуди за насилство и за трговија со дрога прозивајќи ги по име.

TEПАЧИ И ДИЛЕРИ, ТОА СЕ „ДЕЦАТА“ НА СДСМ Манасиевски пак ги прозва Ефтимов и Стојанов за случајот во Ново Село

Поврзани содржини