ИНСТАЛАЦИИТЕ НА СДСМ И НА ДУИ ВО СУДСТВОТО САКААТ СЀ ДА ОСТАНЕ „КАКО ДО СЕГА“ Тешка ќе биде борбата за реформи во правосудството
Борбата за реформи во правосудството ќе биде тешка, а инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе направат сѐ за да остане „како до сега“, порача Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се овие петмина членови во РСС: Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и донаторката на СДСМ, Тања Чачарова, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Кого треба да заштитат ваквите инсталации во правосудството можеше да се види вчера во случајот тежок 168 милиони евра со перење на пари преку канцероген мазут. Иако во оваа мега афера има и еден осомничен кој е во бегство (Васко Ковачевски, СДСМ), сепак синот на пратеникот од ДУИ, кој е еден од двајцата главни актери во случајот ‘канцероген мазут’, помина само со домашен притвор, откако обвинителот, по нечиј налог, во последен момент го изменил предлогот. Завчера пак, инсталациите на СДСМ и ДУИ во Судскиот совет, одлучиле дека најдобриот избор за в.д. претседател на Врховниот суд е Џемали Саити – судија кој има тесни врски со раководството на ДУИ. Ова покажува дека борбата за реформи во правосудството ќе биде тешка, а инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе направат сѐ за да остане ‘како до сега’. Затоа потребна е и поддршка од јавноста, меѓу другото и за поддршка на интерпелацијата како уставен принцип преку кој Собранието им изгласа недоверба на петте членови на Судскиот совет. После оваа недоверба треба да биде јасно дека тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС“, напиша Милошоски на Фејсбук.
Истиот ден за судија во Основен суд Гостивар избрана е Љеонора Јакупи, ќерка на бившиот член на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети (ДУИ), додаде тој.
„Пред само 2 години сопругот на Љеонора, зетот од Иџет Мемети, Илир Јакупи беше избран за јавен обвинител во ОЈО во Гостивар, во остото време кога сега осудениот негов дедо беше член на Советот на јавни обвинители. Затоа борбата за реформи во правосудството нема да биде лесна, а инсталациите на СДСМ и ДУИ грчевито ќе се борат сѐ да остане ‘како до сега’. Нивните пипци во судството и обвинителството се дел од проблемот, но главните упоришта на руинираниот правосуден систем се Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Затоа напорите за реформи во овие две битни институции мора да продолжат, за што е потребна и силна поддршка од јавноста. За почеток треба да се промовира принципот дека уставниот механизам за интерпелација е демократска алатка за борба против непрофесионалното работење на одредени членови на Судскиот совет, како избрани функционери. Бидејќи на секој добар правник му е јасно дека откако Собранието им изгласа недоверба на петте членови на Судскиот совет (Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова) тие лица веќе немаат демократски легитимитет да учествуваат во работата и во одлучувањето на РСС. Нивните оставки се единствениот демократски потег кој им стои на располагање“, напиша Милошоски на Фејсбук.