ИМАМЕ 20% ПОВЕЌЕ РАКЕТИ ОТКОЛКУ НА ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА Иран порача дека е подготвен да се брани „1.000%“
Постојат индиции дека Техеран успеал да ги обнови и повторно да ги отвори повеќето подземни складишта, да поправи дел од оштетените ракети, како и да состави нови ракети кои биле во завршна фаза на производство, пишува во анализа „Вашингтон пост“.
„ЦИА греши – нашиот ракетен инвентар и капацитетот на системите за лансирање не се на 75 проценти во споредба со 28 февруари. Точната бројка е 120 проценти. Што се однесува до подготвеноста да го браниме нашиот народ, таа е на 1.000 проценти“, напиша шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи во објава на мрежата Икс.
„Вашингтон се одлучува за неодговорна воена авантура секогаш кога има дипломатско решение на маса. „Дали е тоа груба тактика на притисок? Или е резултат на „спојлер“? Без разлика, Иранците никогаш не попуштаат под притисок, а дипломатијата е секогаш жртва“ – наведе шефот на иранската дипломатија во објавата.
Претходно, висок американски функционер за весникот „Вашингтон пост“ изјави дека способноста на Иран за долгорочен економски и воен отпор е значително поголема од претходно проценетата од Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА).
Во анализата на весникот се наведува дека Иран сè уште има околу 75 проценти од своите мобилни системи за лансирање и околу 70 проценти од својот ракетен арсенал во споредба со периодот пред конфликтот.
Според истите изјави, постојат индикации дека Техеран успеал да ги обнови и повторно да ги отвори повеќето подземни складишта, да поправи дел од оштетените ракети, како и да состави нови ракети кои биле во завршна фаза на производство.
Американските функционери, исто така, проценуваат дека иранското раководство станало порадикално и порешително, со зголемена доверба дека може да се спротивстави на политичкиот притисок од САД.