ЈАДЕТЕ ОД ПЛАСТИЧНИ САДОВИ, ПИЕТЕ ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА, НОСИТЕ СИНТЕТИКА… Микропластиката во телото е поврзана со рак на белите дробови и дебелото црево

Голема анализа на научни трудови од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско заклучи дека микропластиката веројатно му штети на дигестивниот, респираторниот и репродуктивниот систем и би можела да биде поврзана со рак на белите дробови и дебелото црево, пренесува Стенфорд.

182

Микропластиката стана една од најчесто споменуваните теми во контекст на здравјето и животната средина во изминатата деценија. Според една добро позната проценка, можеме да внесеме до 52.000 микропластични честички годишно, иако подоцна оваа бројка е доведена во прашање. Сепак, јасно е дека микропластиката влегува во човечкото тело во значителни количини. Ја внесуваме преку храна, пијалаци, па дури и преку воздух за дишење, поради што стана сеприсутна во нашиот секојдневен живот, пишува Би-Би-Си.

Повеќе за ова прочитајте и ТУКА.

Научниците веќе ги пронашле во разни телесни течности како што се плунка, крв, искашлок и мајчино млеко, како и во органи, вклучувајќи го црниот дроб, бубрезите, слезината, мозокот, па дури и коските. Со оглед на зголемените докази за нивното присуство во телото, се поставува клучно прашање – какво влијание всушност има оваа пластика врз нашето здравје?

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини