ИМА ТЕРАПИЈА ШТО МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ ЛЕКОВИТЕ КОИ ФАЛАТ НА ОНКОЛОГИЈА Во вторник треба да пристигнат лековите
Мора да ги причекаме и после тоа, од вторник, сите овие лекови ќе бидат достапни за сите пациенти. Меѓутоа во меѓувреме за сите лекови што недостасуваат, а се четири, има терапија што може да го замени лекот што недостасува, одговори министерот за здравство на новинарско прашање.
Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција.
Тој рече дека разговарал со директорот на клиниката и бил информиран во детали за што станува збор.
– Јас пред состанокот се слушнав со директорот на Онкологија, бев информиран во детали, се работи за три – четири лека, што недостасуваат, не повеќе од четири дена. Од вторник, сите лекови, бидејќи процедурата е завршена на 11, меѓутоа се чека, има право за жалба. Тоа се процедурите. Мора да ги причекаме и после тоа, од вторник, сите овие лекови ќе бидат достапни за сите пациенти. Меѓутоа во меѓувреме за сите лекови што недостасуваат, а се четири, има терапија што може да го замени лекот што недостасува – одговори Таравари на новинарско прашање.
Министерот рече дека треба да се размислува за законски измени за да не се случува поради административни процедури, да недостасуваат лекови.