ИГРАЧИТЕ НА РИГА ГИ ДЕМОЛИРАА СОБЛЕКУВАЛНИТЕ? Неспортски гест на гостите од Летонија

Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше 79 години од основањето, пред минимален број посетители.

0

Претставници на ФК Вардар се пожалија дека играчите на гостинската екипа Рига од Летонија оставиле хаос во соблекувалната, по мечот што се одигра вчера во Скопје.

По натпреварот, кој гостинската екипа го доби со 2:3, играчите на Рига искршиле дел од инвентарот во соблекувалните, како и неколку шкафчиња. Не е познато што ги навело играчите на летонскиот тим на вакво однесување.






Од ФК Вардар велат дека ќе го пријават случајот до УЕФА и ќе побараат штетата да биде евидентирана, по што европската куќа на фудбалот ќе одлучи дали ќе преземе дополнителни мерки

Вардар не успеа на домашен терен да дојде до победа во првиот меч од второто квалификациско коло против Рига во рамките на Конференциската лига. Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше 79 години од основањето, пред минимален број посетители. Според официјалните податоци, во публиката имало 2.708 љубители на фудбалот. 

Реваншот помеѓу Вардар и Рига се игра за седум дена во Летонија, каде играчите на Вардар ги чека тешка задача ако сака да останат во Лигата.

Поврзани содржини