ВО ЧАНТА НОСЕЛА ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 21.100 ЕВРА Царината спречи двајца сопружници во шверц

0

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари, односно околу 21.100 евра

Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.






Годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што се запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

 

Поврзани содржини