И во 2015 изборите беа одложувани, иако немаше ваква состојба, рече Пендаровски

ОБСЕ/ОДИХР денеска ја откажа мониторинг-мисијата на изборите

349

По состанокот на Советот за бебедност, Претседателот Стево Пендаровски во врска со одложувањето на изборите изјави дека за тоа ќе стане збор на утрешната лидерска средба, а го искажа и несогласувањето со вториот човек во државата, Талат Џафери, дека Собранието не може да се свика по неговото распуштање. Тој се присети на 2015 години кога изборите биле одложувани, и покрај тоа што немало ваква состојба.

–  Нема никакви пречки изборите да се одложат, иако се веќе распишани.  Прогласување на вонредна или кризна состојба нема никаква корелација со одржување избори, во правна смисла. Во политичка да, но во правна не. Со други зборови, и во таква ситуација, Франција одржа избори. Без да биде прогласена било каква кризна состјба, ние во 2015 два пати ги одложувавме изборите. Собранието се враќаше, ја поништуваше одлуката за изборите и се одложуваа. Таков правен преседан, се случувал – рече Пендаровски и додаде:.






– Не се согласувам со Талат Џафери – директно не се согласувам. Собранието, вели нашиот Устав, е во постојано заседание. Постојано заседание. Не дај Боже – Војна, немаме Собрание? Патем, на Советот за безбедност според Устав, доаѓа и претседателот на Собранието и тој беше тука. Значи, ако Собрание нема, како има претседател на Собрание?  Јас тврдам дека тоа е возможно и политички и правно тоа е возможно, ако има „Не дај Боже“ ситуација“ – појасни Пендаровски и додаде дека со официјален допис денеска ОБСЕ/ОДИХР ја откажало мониторинг-мисијата на изборите.

 

 

Поврзани содржини