📽 ГРАЃАНИТЕ ГО ДЕМОЛИРАА КАФУЛЕТО НА СОПСТВЕНИКОТ НА ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Искршени се и прозорци од општинската зграда во Кочани
Дел од граѓаните се влезени внатре и го демолираат ентериерот. На снимката може да се видат и полициски службеници.
Група граѓани го демолираа кафулето „Класик“ на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс” која изгоре во трагедијата во Кочани. На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како граѓаните бесни извикуваат и со камења гаѓаат кон излогот на објектот кој е целосно разрушен.
Дел од граѓаните се влезени внатре и го демолираат ентериерот. На снимката може да се видат и полициски службеници.
Од Фејсбук:
ДЕМОЛИРАН кафичот Класик во Кочани, во сопственост на Дејан Јованов – Деко, сопственикот на “Пулс” pic.twitter.com/qsWLppySKh— Bulutin (@Owllium) March 17, 2025
Во протестот беа демолирани и прозорци на општинската зграда во Кочани.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица и повеќе од 150 се хоспитализирани. Јованов е еден од приведните осомничени поврзани со настанот.