ГОТВАЧОТ ФИЛИП ОНДРУШЕК ЌЕ ГИ ИСТРАЖУВА ЛОКАЛНИТЕ ВКУСОВИ НА МАКЕДОНИЈА На менито се локални состојки и автентични рецепти, сезонски менија, гастрономија без отпад
Во рамките на посетата на Македонија, познатиот готвач со словачко-австриско потекло, ќе одржи мастер клас на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид на тема „Локални состојки, сезонски менија и гастрономија без отпад“, а после Охрид, ќе има средби со локални производители и готвачи, и во Битола, Преспа и Мариово.
Познатиот готвач со словачко-австриско потекло, Филип Ондрушек, од денес, 19 мај до 26 мај ќе престојува во Македонија и како гостин на „Слоу Фуд“ ќе ги истражува автентичните македонски вкусови, локалните производи и традиционалната кујна.
Наместо луксузни хотелски кујни и затворени гастро-настани, Ондрушек ги одбра македонските пазари, локалните производители, селските трпези и автентичните вкусови на Охрид, Битола, Преспа и Мариово. Тој ќе ја истражува локалната традиција, сезонските производи и потенцијалот на нашата кујна како современ гастрономски бренд.