ИМ ИСТЕКОЛ РОКОТ, АМА НЕ ЗНАЧИ ДЕКА НЕ ЧИНАТ Тестенините можат да се јадат една година, а јогуртот – три недели по истекот на траењето
Во продолжение, експертка за храна открива кои намирници смеете да ги јадете дури и по истекот на рокот на траење.
Секоја храна е обележана со рок на траење, такашто купувачите имаат претстава што до кога би требало да се изеде, но тоа не значи дека по истекот на тој рок намирниците треба да се фрлат.
Во продолжение, експертка за храна открива кои намирници смеете да ги јадете и која храна е безбедна за јадење дури и откако ќе ѝ истече рокот на траење?
Јајца: 3-4 дена
– Како и многу животински производи, јајцата можат брзо да се расипат, а ако ги чувате правилно, можете да го продолжите нивниот рок на траење за неколку дена – смета нутриционистката Софија Нортон.