ГОДИШЕН ПАД НА КАМАТИТЕ НА ВКУПНИТЕ ДЕПОЗИТИТЕ И КРЕДИТИ Во април тие изнесувале 2,16% за депозитите и 4,70% за кредитите

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,04 п.п. на месечна основа и изнесува 4,65%.

1

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%. Во април и просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад и тоа од 0,41 п.п. и изнесува 4,70%, покажува последниот извештај на Народна банка.

Податоците покажуваат и месечно намалување на каматата на вкупните депозити на  домаќинствата. Таа во во април изнесува 2,10% и е намалена за 0,01 п.п.






„Падот на месечна основа се должи на намалувањето на сите компоненти – каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно)“, се наведува во извештајот на Народна банка

На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п.

Сепак, мало зголемување од 0,01 процентен поен има на каматната стапка кај  новопримените депозити на домаќинствата. Таа сега 2,31%.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во април, изнесува 5,06% и забележа намалување од 0,02 п.п. на месечно ниво, под влијание на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула, додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети.

Оваа каматна стапка бележи годишно намалување од 0,42 п.п.

Во април, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата се намали за 0,04 п.п. на месечна основа и изнесува 4,65%.

„Месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки на сите компоненти – каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,26 п.п.) и каматните стапки на енарските кредити со и без валутна клаузула (0,06 п.п. и 0,04 п.п., соодветно)“, наведуваат од Народна банка.

Во споредба со истиот месец претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 п.п.

Кога се има предвид корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните депозити на секторот во април е намалена за 0,08 п.п. и изнесува 2,67%.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор бележи месечно зголемување од 0,54 п.п. и изнесува 2,74%.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во април е повисока за 0,02 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,35%.

„Притоа, нагорната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти, каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), како и на каматните стапки на кредитите без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). На годишнаоснова, оваа каматна стапка оствари пад од 0,38 п.п “, наведуваат од НБ.

Во април, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,50%, што претставува месечен раст од 0,25 п.п.

Во споредба со април минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити
на корпоративниот сектор е повисока за 1,08 п.п.

Поврзани содржини