ГИ ОДБИЈА И ПРЕПОРАКИТЕ НА ОДИХР САМО ЗА ДА ИЗИГРУВААТ ЖРТВИ „Коалицијата“ СДСМ-Левица-ДУИ го блокира Изборниот законик
Опозициските партии СДСМ, Левица и ДУИ се во тајна коалиција и избрале да изигруваат жртви за да добијат политички поени, притоа одбивајќи сите предлози од ВМРО-ДПМНЕ како во „дадена листа на желби“, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Манасиевски истакнува дека опозицијата со одбивање фактички го одбива и внесувањето на препораките на ОБС Е и ОДИХР за Изборниот законик.
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски од партиската говорница.
Според Манасиевски, коалицијата на СДСМ, Левица и ДУИ, смета дека доколку глуми жртва тоа ќе ѝ донесе политички поен повеќе.
„Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДСМ, Левица и ДУИ го одбија.
Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат.
Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДСМ, Левица и ДУИ ќе опструираат.
Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДСМ, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес“, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.