📽️ СТРАШНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ФРАНЦИЈА Две жртви и 53.000 домаќинства останаа во темница
Силното невреме што ја зафати Франција по долг топлотен бран однесе два живота, предизвика пожари и остави повеќе од 50.000 домаќинства без електрична енергија.
Силно невреме проследено со грмотевици, силен ветер и поројни врнежи ја погоди Франција во текот на ноќта, по долг период на топлотен бран, при што најмалку две лица загинаа, а околу 53.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Последиците од невремето ги објавија француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа, пренесува „Ројтерс“.
Една од жртвите е жена која загинала во четвртокот вечерта во местото Сен-Виктурниен, во централниот француски департман От-Виен, откако врз неа паднало дрво предизвикано од силниот ветер.
⚠️🌪️ #Tormentas severas en #Francia; Camiones volcados por el paso de un #tornado en la A72 al N de Saint-Étienne. @InfosFrancaises pic.twitter.com/pmRLjOKsSL
— InfoMeteoTuit (@InfoMeteoTuit) July 16, 2026
Втората жртва е пронајдена во источниот дел на земјата, во местото Доломје. Телото на мажот било откриено во работилница која била уништена во пожар. Според француската новинска агенција АФП, пожарот бил предизвикан од удар на гром.
Францускиот оператор на електроенергетската мрежа „Енедис“ во петокот потврди дека без електрична енергија останале вкупно 53.000 домаќинства.
Historic hailstorm in #Ardèche, France: intense storm blankets streets in ice. pic.twitter.com/snDOpiZ0u4
— Meteored (@meteoredcom) July 15, 2026
Најголеми проблеми со снабдувањето биле регистрирани во регионите Оверњ-Рона-Алпи, на југоистокот на земјата, и Нова Аквитанија, на југозападот на Франција.
Екипите на службите за одржување биле ангажирани на терен за отстранување на дефектите и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.
Француската национална метеоролошка служба „Метео-Франс“ во петокот го укина портокаловото предупредување за грмотевични невремиња во сите погодени департмани на југоистокот на земјата.
Претходно, службата предупреди на опасност од крупен град и силни налети на ветер во пошироката област од Централниот масив до Алпите.
Tornade à St-Etienne
©️ Mathis Tosalli pic.twitter.com/6V6WgrJlcf
— Mystere Météo (@MystereMeteo) July 16, 2026
Невремето пристигна по период на високи температури и долг топлотен бран кој ја зафати Франција, а метеоролозите предупредуваат дека ваквите екстремни временски појави стануваат сè почести во Европа.